Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ ќе се натпреварува за филмски награди во Олденбург

Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург.