По раскинувањето ја објавија заедничката песна: Боно и Тами испратија моќна порака со „Бамба“

Македонската музичка сцена доби уште едно свежо летно издание. Борјан Илковски Боно и Тамара Димчевска Тами ја објавија својата нова песна „Бамба“, заразна поп-денс нумера со модерен урбан звук, динамичен ритам и рефрен што лесно останува во глава уште по првото слушање.