Македонецот Бојан Илиевски ја однесе победата на „Ѕвездите на Гранд“

Бојан Илиевски од Македонија е победник на 19-тата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а до триумфот стигна благодарение на најголемиот број СМС гласови од публиката од целиот регион. Зад насмевката и големиот успех се крие тешка животна приказна која ги трогна публиката и членовите на жирито за време на натпреварот.