Пејачката по чија победа на Евровизија ѝ се заканувале со смрт

Победата на Дана Интернешнл на Евровизија 1998 предизвика големи контроверзии, протести и закани со смрт во нејзината татковина поради нејзиниот трансродовизам, но во исто време стана историски момент што придонесе за поголема видливост и прифаќање на различноста на европската музичка сцена. На Евровизија во 1998 година, победата ја извојува израелската пејачка Дана Интернешнл со песната „Дива“, која во тој момент претставуваше еден од најконтроверзните, но и најзначајните моменти во историјата на ова натпреварување.