Лидија Кочовска: „Дијабетесот се појави во исто време кај мене, кај сестра ми и кај татко ми – кога мајка ми се изгуби“

Помладата сестра на Тања Кочовска и ќерка на Панче и Невена Кочовски од групата Мањифико, гостуваше во емисијата Нешто конкретно на водителката Снеже Велков, каде што отворено проговори за здравствените проблеми со кои се соочува. Лидија откри дека ѝ бил дијагностициран дијабетес, а според неа, главна причина бил силниот стрес низ кој поминувало семејството.