„Боже, задржи ме во живот барем толку за да можам да ги изведам децата на прав пат“: Болна исповед на Маја Оџаклиевска за здравствените проблеми

Пејачката Маја Оџаклиевска, осврнувајќи се на здравствените проблеми со кои се соочувала, истакна дека дури и во најтешките моменти децата ѝ биле приоритет. Во текот на целиот период размислувала само за тоа што ќе се случи со нив, стравувајќи дека можеби нема да ја дочека оваа година.