Мајкл Б. Џордан првпат во својата кариера освои Оскар – и тоа за најдобар главен актер, благодарение на двојната улога на близнаците Смоук и Стек во натприродниот трилер „Sinners“. Со таа победа стана шестиот црн актер во историјата кој ја освоил наградата во таа категорија, пишува „Variety“.