Животот во гарсоњера нè научи како се останува заедно – Игор и Ана Дурловски

Во новата епизода на „Нешто Конкретно“, посветена на темата бракот и заедништвото наспроти индивидуалноста и силата на поединецот, Ана и Игор Дурловски ја отворија својата најискрена семејна приказна досега. Од животот во гарсоњера во друга држава, до годините исполнети со предизвици, љубов и заеднички одлуки – разговорот беше искрен, емотивен, но и исполнет со хумор.