Пред 30 години исчезна омилената СФРЈ кравичка: Остана симбол на некои минати времиња

Киндерлада е веројатно најпопуларниот производ на поранешна Југославија, а многумина со носталгија сè уште се сеќаваат на овој крем. Поминаа точно триесет години откако млечниот намаз Киндерлада исчезна од полиците, а неговиот вкус сè уште го паметат многу обожаватели на овој производ на „Подравка“.