Научници го снимија моментот кога се раѓа сосема нов Сончев систем и живот во вселената

Астрономите за првпат успеаја да го забележат моментот на формирање на планетарен систем и ги видоа првите траги од она што еден ден ќе прерасне во планети, додека се формираат околу млада, далечна ѕвезда. Тоа е најраната фаза од формирањето на планетите што некогаш е забележана и дава увид во тоа како можеби изгледал нашиот Сончев систем кратко по првото запалување на сонцето.