Разбиена е криминална група: Уапсени 13 лица за проституција и дрога во Тетовско и Охрид, меѓу уапсените и службени лица

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведоа координирана акција во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата.