Претставена првата подводна вендинг машина за слатки, валутата е забава

Компанијата Airheads ја претстави првата подводна машина за слатки, која може да се користи во базени, а единствена валута е забавата. Преку будењето носталгија за детските лета и многу забава во базените, Airheads се надева дека со својата иновација ќе им го разубави ова лето на сите, чија главна цел е „да ги врати возрасните во базенот“. Тоа е машина за слатки која работи под вода.