НБА Топ 10: Спектакуларно забивање на Едвардс, Кајри изведе магија против Клиперс

Минесота Тимбервулс е првата екипа која обезбеди место во втората рунда на плејофот, фаза до која блиску се и Њујорк Никс и Индијана Пејсерс, додека пак допрва не очекува жестока битка меѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Клиперс затоа што таму резултатот е 2-2. Имаше навистина фантастични потези на четирите средби кои се одиграа во НБА, а трите најдобри акции се ремек дела. Ентони Едвардс и Мајлс Тарнер изведоа спектакуларни забивања во соочувањата со „сонцата“ и „елените“ но позицијата број еден е за Кајри Ирвинг кој изведе магија и успеа да постигне кош скоро од невозможна позиција во соочувањето со Клиперс.