Спектаклот веќе започна! Таткото на Фјури со глава удрил член на тимот на Усик

Тајсон Фјури и Олександар Усил во сабота се борат со обединување на сите појаси во тешка категорија, а сепак веќе пет дена порано започнале тензиите меѓу членовите на двата тима. Делегациите пристигнале во Ријад каде што се одржува борбата, а таткото на „Џипси Кинг“ физички се пресметал со еден од членовите на тимот на Усик. Џон Фјури прво вербално нападнал некој од противничкиот табор, а потоа истиот човек го удрил со глава.