„Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја оттурнам“, раскажа Цане Србиновски кој беше нападнат од мечка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој претрпе опасен напад од мечка на Бабуна, во поширокот атар на селото Оморани во неделата.