Спектакуларен гол на Кавани: Постигна гол со „ножички“ на 38 години

Легендарниот Единсон Кавани, познат и како Ел Матадор, ужива во Аргентина каде на 38 години игра во дресот на култната Бока Јуниорс. Уругваецот се скраси во Буенос Аирес каде моментално игра во одлична форма, оваа сезона има шест голови во девет настапи. Последните два гола ги постигна против Централ Норте во купот, а посебно спектакуларен беше тој каде што со ножички го матираше противничкиот голман.