Му нудела секуален однос на Садам Хусеин за да спречи војна: Најпознатата италијанска порнодива сега сака да стане градоначалничка на Рим

Точка

29/11/2026

09:14

242

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите италијански порноѕвезди, Илона Сталер (75), ја најави својата кандидатура за градоначалничка на Рим. Притоа порача дека италијанската престолнина ќе ја направи „секси“.

Сталер, позната под уметничкото име Ла Чичолина е поранешна „Плејбој“ зајачица и првата жена која ги покажала своите голи гради во живо на италијанската телевизија. Таа се вклучи во изборната трка во пресрет на изборите што ќе се одржат напролет, пренесе „Сан“.


Нејзините ветувања вклучуваат засадување повеќе дрвја и спасување на популацијата на диви свињи во Рим од отстрел.


„Наместо да ги отстрелуваме, треба да се грижиме за нив и да ѝ дозволиме на природата сама да се грижи за себе. Пред неколку дена видов женка со шест прасиња како ја преминуваат улицата Виа Касија (една од главните сообраќајници во Рим); се движеа едно зад друго во колона. Зошто властите дадоа зелено светло за нивниот отстрел? Треба да ги оставиме на мир“, изјавила таа.

Поранешната ѕвезда на филмовите за возрасни, исто така, вети дека ќе ја обнови застарената инфраструктура на главниот град и ќе го санира сè поголемиот број дупки на коловозите низ старите римски улици.


Таа раскажала и дека неодамна на главната железничка станица во Рим ѝ украле куфер и чанта од автомобилот, поради што побарала поголемо присуство на полицијата на улиците.

Ова, исто така, не е првпат Чичолина да се вклучи во политиката – од 1987 до 1992 година била пратеничка во парламентот, каде што ја претставувала Радикалната партија. Позната е и по тоа што му понудила сексуален однос на ирачкиот претседател Садам Хусеин во обид да ги спречи војните на Блискиот Исток.


Италијанката, која инаку е со унгарско потекло, одржувала политички говори при кои ја разголувала едната града за да го привлече вниманието на гласачите.

Според пишувањето на британскиот весник, таа во парламентот поднела низа законски предлози кои биле целосно поврзани со сексот, вклучувајќи го и планот за создавање „паркови на љубовта“.


Во деведесеттите години била во брак со американскиот скулптор Џеф Кунс, со кого го добила синот Лудвиг, за чие старателство се водела долгогодишна правна битка, а двајцата се развеле во 1994 година.


Во една пригода изјавила и дека е „светица“ во споредба со поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кого го следеа бројни афери поврзани со неговите сексуални забави познати како „бунга бунга“.