[ВИДЕО] Наоми Кембел зад диџејскиот пулт на отворањето на скијачката сезона на Јахорина

Точка

29/11/2026

08:46

327

Големина на фонт

а а а

Британската манекенка настапи како диџеј на Јахорина, каде што првпат гостуваше. Вечерта ја отвори пејачот Никола Роквиќ.

Наоми Кембел застана зад диџејскиот пулт на отворањето на зимската туристичка сезона на Јахорина во саботата, на 28 ноември. Британската манекенка настапи по пејачот Никола Роквиќ, кој ја отвори вечерната програма, објави Klix.ba.

Снимка од настапот · Видео: Instagram

Кембел попладнето пристигнала на аеродромот во Сараево, а пред настапот се сретнала со новинарите на Јахорина. Таа кажала дека првпат е на планината и им посакала на присутните добар почеток на скијачката сезона.

На прес-конференцијата, претседателот на Надзорниот одбор на Олимпискиот центар „Јахорина“, Недељко Елек, ѝ подарил традиционален рачно изработен фустан од сараевско-романискиот крај. Кембел им порача на присутните дека се радува што ќе пушта музика за нив и дека се надева оти ќе танцуваат.

Наоми Кембел зад диџејскиот пулт на Јахорина

Наоми Кембел за време на настапот на Јахорина. Фото: Т. С. / Klix.ba