Најмалку 30 загинати во напад врз училиште во Мјанмар, според опозицијата и сведок

Точка

28/11/2026

18:10

167

Големина на фонт

а а а

Најмалку 30 луѓе загинале во воздушен напад врз училиште во село во централниот регион Магве, соопштиле локален сведок и портпарол на опозициската Влада на национално единство.

Најмалку 30 луѓе загинале во воздушен напад врз училиште во село во централниот регион Магве, соопштиле локален сведок и портпарол на опозициската Влада на национално единство, пренесе Ројтерс.

Нападот, кој изворите ѝ го припишуваат на војската на Мјанмар, се случил во четвртокот, на 26 ноември. Меѓу загинатите, според нив, имало и ученици и едно бебе. Селото било под контрола на противниците на војската.

Влезот во градот Магве, архивска фотографија.

Влезот во градот Магве, архивска фотографија. Фото: Ninjastrikers / Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Ројтерс наведува дека нападот се случил една недела откако Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите во 2017 година.