Конзервативната коалиција ги победи лабуристите во Викторија

Точка

28/11/2026

17:30

172

Големина на фонт

а а а

Либерално-националната коалиција победи на изборите во австралиската сојузна држава Викторија во саботата, на 28 ноември. Таа ја презема власта од лабуристите во држава што долго важеше за нивно упориште.

Либерално-националната коалиција победи на изборите во австралиската сојузна држава Викторија во саботата, на 28 ноември. Таа ја презема власта од лабуристите во држава што долго важеше за нивно упориште, објави Ројтерс.

Според првичните резултати, коалицијата освоила најмалку 49 од 88 места во долниот дом, со што обезбедила мнозинство додека пребројувањето сè уште траело.

Парламентот на Викторија во Мелбурн, архивска фотографија.

Парламентот на Викторија во Мелбурн, архивска фотографија. Фото: chee.hong / Wikimedia Commons (CC BY 2.0)

Австралискиот јавен сервис АБЦ во таа фаза им припишал пет сигурни мандати на лабуристите, кои претходно имале 54. Исходот за 26 места сè уште бил неизвесен. Антиимиграциската партија „Една нација“ не го остварила очекуваниот пробив.