Судот утврдил дека Лан Тјенли примил поткуп од 587 милиони јуани, објави кинеската државна агенција „Синхуа“.
Кинески суд го осуди Лан Тјенли, поранешен претседател на владата на автономниот регион Гуангси, на смртна казна со двегодишно одложување поради примање поткуп. За пресудата во петокот извести кинеската државна агенција „Синхуа“, пренесе Ројтерс.
Според извештајот на „Синхуа“, Лан во периодот од 2008 до 2025 година примил 587 милиони јуани. Судот утврдил дека ги користел функциите за да им помага на поединци и организации при деловни активности, доделување договори и именувања на функционери.

Панорама на Нанинг во регионот Гуангси, архивска фотографија. Фото: MspreilsCN / Wikimedia Commons (CC BY 4.0)
Со двегодишното одложување, казната може да се замени со доживотен затвор ако во тој период осудениот не изврши ново кривично дело, наведува Ројтерс.







