Бизарен случај во Германија: Жена седнала на клупа за да се исплаче, па добила казна од 25 евра

Точка

28/11/2026

10:20

516

Големина на фонт

а а а

Во германскиот град Гелзенкирхен, 31-годишна жена била казнета со 25 евра затоа што седнала на клупа покрај детско игралиште, иако не била во придружба на дете.

Случајот се случил во паркот „Глукауф“, во градската населба Хасел, каде што жената за време на престојот во паркот одлучила накратко да седне за да се одмори, да земе здив и да разговара по телефон.

Според пишувањето на германскиот весник „Берлинер курир“, таа побарала мирно место каде што ќе може да се исплаче поради стресот предизвикан од финансиските проблеми и обврските поврзани со студирањето. Одморот не траел долго, бидејќи набргу реагирале службениците на комуналната служба.


На жената ѝ била изречена казна затоа што седнала на клупа покрај детско игралиште, на која, според правилата, не би требало да седат лица кои не се во придружба на деца.

Известувањето за казната ѝ било доставено, а случајот го привлекол вниманието на тамошната јавност поради необичните околности под кои била изречена паричната казна.