Средба на Сиљановска-Давкова со косовската претседателка Јустина Широка-Пула

Макфакс

27/11/2026

18:40

123

Големина на фонт

а а а

Средба помеѓу претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова и косовската претседателка Јустина Широка-Пула на маргините на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, каде се разговараше за пријателските односи и соработката меѓу двете држави.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, се сретна со претседателката на Република Косово, Јустина Широка-Пула.

Сиљановска-Давкова истакна дека македонско-косовските односи се пријателски и се одликуваат со отворена комуникација меѓу граѓаните и државните институции, како и со интензивна економска, трговска и културна соработка.

Двете претседателки ја поздравија денешната паритетна машко-женска застапеност, а како професорки ја истакнаа потребата од поширока и поинтензивна соработка во образованието и науката.

Претседателките веруваат дека добрососедството е важен предуслов за просперитет на Западниот Балкан, а во Процесот Брдо-Бриони препознаваат неопходен инструмент за градење меѓусебна доверба и сигурна европска перспектива.