Пијан 21-годишник излетал од патот во Виничко: со тешки повреди завршил во болница

Макфакс

27/11/2026

14:10

80

Големина на фонт

а а а

Во Виничко лице на 21 година управувало со автомобил под дејство на алкохол, при што излетало од патот и се здобило со тешки повреди. Случајот е пријавен и документите за него се во процедура за понатамошна постапка.

Во ОВР Виница, вчера околу 03:00 часот е пријавено дека на регионален пат во с.Лески, виничко, патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот М.А. од с.Виничка Кршла, излетало од патот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Јавна здравствена установа Виница.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница, при што било констатирано дека М.А. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,01 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.