Во последната епизода на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков гости беа Стефан и Мартин од „Некст тајм“ и актерoт и комичар Стефан Николовски. Темата беше како да успееш а да стоиш цврсто на земја, па првото прашање беше поставено од она што значело успех порано- да се вработиш.
Стефан Николовски посочи дека сè уште не е вработен во театар и дека популарноста сама по себе не е гаранција за вработување.
Стефан и Мартин, пак, се присетија на периодот кога нивниот татко бил загрижен дали музиката може да им обезбеди сигурна егзистенција и дека веројатно ќе им треба една „сигурна работа“.
Николовски кој физички многу потсетува на српската пејачка Марија Шерифивиќ,покажа и фотографии на кои се забележува неговата неверојатна сличност со пејачката но изненадувањето беше уште поголемо кога покажа дека си личат дури и нивните мајки.

ДНК правевте?-праша Снеже
Кога стана збор за родителите и поддршката:Николовски проговори за својата мајка, која се откажала од амбицијата да создаде сопствен бренд за да може да го издржува семејството. Работела како чистачка, продавачка и на други работни позиции. Денес, вели тој, време е таа да си ги оствари соништата, а тој ќе се погрижи за маркетингот на нејзиниот бренд.
Слична животна приказна споделија и Стефан и Мартин Филиповски. По разводот на нивните родители, мајка им работела како чистачка, посетувала курсеви по сметководство, а подоцна отворила сопствена компанија. Во еден период дури и нивната детска соба била претворена во канцеларија во која работеле нејзините вработени. Денес мајка им Сузана е во пензија но се уште имаат успешна сметководствена компанија.

Мартин откри дека и самиот ѝ помагал, одејќи од фирма до фирма за да го собира прометот, а особено ја истакна улогата на нивниот дедо, кој бил огромна поддршка за мајка им. А во однос на барање помош од брат иако се очекуваше еден на друг да се потпрат Стефан сепак го посочи постариот брат Филип дека го бара кога му треба помош...
Сите тројца гости се согласија дека за успехот не се пресудни ниту парите ниту тоа дали имаш грб, туку упорноста, работата и автентичноста.
Николовски беше концизен - Ма само упорност, тој автентичниот може и да се откаже-упорниот победува секако!
Кога стана збор за поддршката од фелата, гостите посочија дека признанието од колегите не е секогаш мерило за успехот. Николовски смета дека можеби дури на шеесетгодишна возраст ќе дочекаш колегите да ти оддадат признание за она што си го постигнал.
Мартин, пак, како млад татко, призна дека концертните обврски му одземаат драгоцено време со семејството, па на прашањето кому би сакал да му се извини, ја посочи својата ќеркичка Лиана, која поради бројните гостувања во пресрет на концертот не успева да ја зема од градинка.
А дали Стефан Николовски тајно се оженил? Популарниот комичар, одговарајќи на прашањето кој најмногу верувал во него, ја посочи својата жена...
Целата епизода е во продолжение:










