[ВИДЕО] Мисицата на Боливија ги заборавила камерите, снимката се прошири низ светот: „Девојко, што беше ова?!“

Кармин

27/11/2026

09:40

1.915

Големина на фонт

а а а

Боливиската претставничка на овогодишниот избор за Мис Универзум, Валерија Мена Фереира, стана ѕвезда на социјалните мрежи, но од причина што тешко дека можела да ја предвиди кога се упатила на престижниот избор за убавина во Порторико.

Имено додека претставничката на Мексико давала интервју, камерите во заднина забележале необична сцена. Елегантно облечената Боливијка, очигледно несвесна дека е во кадар, го ставила прстот во увото, а потоа, како што изгледа, она што го извадила го ставила во устата.

Снимката, која трае само неколку секунди, молскавично се прошири на социјалните мрежи, а бројни корисници почнаа да шпекулираат дека убавата Боливијка го изела ушниот восок, пишува мексиканскиот портал „La Lista“.


„Мис на Боливија, девојко, што беше ова?!“ – напиша еден корисник на платформата Икс, објавувајќи ја снимката која предизвика лавина од коментари и шеги на сметка на младата манекенка.

Се огласи и мисицата

Но приказната доби и неочекувано продолжение. Како што пренесува перуанскиот портал „Trome“, Мена се огласи на социјалните мрежи и објасни што, според нејзините зборови, всушност се случило.

Таа тврди дека увото почнало да ѝ крвави, па затоа го ставила прстот во уста за да не го извалка фустанот со крв.

Врз основа на самата снимка не може со сигурност да се утврди што имало на нејзиниот прст.


Мена доаѓа од боливискиот град Оруро, а националната титула ја освоила во јули годинава. Дипломирала бизнис-администрација со високи академски почести, а се образувала и во областа на модниот дизајн.

На овогодишниот избор за Мис Универзум, одржан во Сан Хуан, учествувале 116 натпреварувачки. Боливијката не успеала да се пласира меѓу 30-те полуфиналистки, а круната ја освои претставничката на земјата домаќин, Џенифер Барето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk