Од 9 часот прекин во водоснабдувањето на улицата Белградска

Макфакс

27/11/2026

06:20

205

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и канализација Скопје известува за прекин во водоснабдувањето на дел од улицата Белградска поради дефект на приклучна цевка, со почеток од 9 часот и до завршување на санацијата.

ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на Белградска 56, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.