Внатрешната контрола на ЈСП откри кражба на значително количество нафта од гаражите во Ѓорче Петров, по што полицијата беше повикана и вработените веднаш се отстранија од работа. Градоначалникот најавува дека ќе следи обвинилтелна постапка и казнување согласно законот.
„Внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Веднаш е повикана полицијата“, извести градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот“, додаде градоначалникот.








