Мнозинството земји од еврозоната застанало зад кандидатурата на Шпанецот Пабло Ернандес де Кос, објави „Фајненшл тајмс“.
Пабло Ернандес де Кос добил поддршка од мнозинството земји од еврозоната да ја наследи Кристин Лагард на чело на Европската централна банка, објави „Фајненшл тајмс“, пренесува Ројтерс.

Пабло Ернандес де Кос. Фото: Chospo / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0 · Кавер: Sfintu1 / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0
Де Кос, кој раководи со Банката за меѓународни порамнувања, претходно беше гувернер на централната банка на Шпанија. Според извештаите, се очекува да ја преземе функцијата во февруари.








