Пожар и голема штета во рафинерија во Краснодарската област по напад со дрон

Точка

26/11/2026

17:20

145

Големина на фонт

а а а

Рафинеријата „Славјанск ЕКО“ соопшти дека во нападот сериозно е оштетена постројка за преработка на сурова нафта.

По напад со дрон избувнал пожар во рафинеријата „Славјанск ЕКО“ во руската Краснодарска област. Компанијата соопшти дека значително е оштетена постројката за атмосферска дестилација на сурова нафта, пренесе Ројтерс.

Нафтена рафинерија во Турција, илустративна фотографија

Нафтена рафинерија во Турција, илустративна фотографија. Фото: Pixabay / Wikimedia Commons, CC0

Според компанијата, уништени се и складишта за тешки нафтени деривати, а оштетени се цевководи. Рафинеријата била во прекин поради одржување по претходен напад со дрон во септември.