Двајца италијански државјани загинаа во напад со дрон во Кувајт, објавија Ројтерс и италијанската агенција АНСА.
Двајца техничари од Италија загинаа во напад со дрон во Кувајт. Според извор запознаен со случајот, кој разговарал со Ројтерс, тие работеле за германската одбранбена групација „Рајнметал“.

Поглед кон градот Кувајт, архивска фотографија. Фото: Dss98 / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0
За загинувањето на двајцата Италијанци извести и италијанската агенција АНСА. Изворот на Ројтерс го припишал нападот на Иран.








