Емисијата на „CBS“ што ја следи Лигата на шампионите, во која главни лица се Кејт Скот, како и аналитичарите и поранешните фудбалски ѕвезди Тјери Анри, Џејми Карагер и Мајка Ричардс, многумина ја опишуваат како најдобра спортска емисија.
Популарноста ја стекна благодарение на хемијата меѓу водителите и опуштениот формат, кој претставува комбинација од анализи, коментари и интервјуа. Анри, Карагер и Ричардс меѓусебно се задеваат, расправаат, се исмеваат и се надополнуваат, а истовремено даваат сериозна фудбалска анализа. И синоќа приредија вистинско шоу.
Probably the shortest amount of time it’s taken #UCLToday to descend into chaos 🫠 https://t.co/IzgYQeGT9X
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) November 25, 2026
Пред веќе вообичаеното рецитирање на песната од страна на Ричардс, настана вистински хаос кога Анри го најави како Рафаел Де Ла Гетo. Станува збор за измислен поет од култната хумористична серија „The Fresh Prince of Bel-Air“. Во една епизода, Вил Смит измислува поет и го доведува маскираниот главен слуга на куќата во која живее кај својот богат чичко, а овој под тоа измислено име ја рецитира сопствената поезија.
Ричардс веднаш сфати на што помислил Анри кога го најавил на тој начин и веднаш почна да рецитира стихови од серијата. Во студиото настана вистинска лудница, во која единствено не учествуваше Карагер, веројатно затоа што не ја разбрал референцата на Анри.








