Времен режим на две делници кај Градско до крајот на декември

Точка

25/11/2026

17:20

116

Големина на фонт

а а а

Поради санација на асфалтот, сообраќајот ќе се пренасочува кај клучката Градско и на делницата кон Дреново.

Од 25 ноември до 31 декември ќе важи времен режим на сообраќај на две делници кај Градско поради санација на асфалтот.

Автопатот А1 кај Смоквица, архивска фотографија · Фото: Dar ivanovski / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

Според дневното известување на АМСМ, измените се однесуваат на експресниот пат Градско – клучка Дреново и на автопатот А1 Велес – Неготино, во зоната на клучката Градско. Изведувачот „Страбаг“ најави пренасочување и регулирање на сообраќајот додека траат работите.