Ѓорѓиевски: За намерното загадување на Скопје нема да има толеранција

Макфакс

25/11/2026

12:40

145

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес истакна дека нема да има толеранција кон намерното загадување на градот, додека големата еко-акција за чистење на Скопје продолжува со вклучување на градоначалниците, волонтерите и сограѓаните.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со градоначалниците на другите општини, учениците, волонтерите и илјадници сограѓани, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје, информираат од Град Скопје.

– Со моите колеги градоначалници, кои ја предводеа акцијата во своите општини, со младите, волонтерите и илјадници сограѓани, повторно ги здруживме силите за почист град. Од срце ви благодарам на сите. До оние што фрлаат отпад по улиците и парковите имам јасна порака. Пред да фрлите нешто на земја, сетете се дека денес ваш сосед се наведнал токму таму за да исчисти. Почитувајте го неговиот труд – изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека за намерното загадување на Скопје нема да има толеранција, а акциите продолжуваат двапати месечно.