Самит ЕУ–Западен Балкан во Брисел: Каде да се следи преносот

Точка

25/11/2026

10:58

126

Големина на фонт

а а а

Европскиот совет го објави распоредот за денешниот самит во Брисел. Директниот пренос на пристигнувањето на делегациите е најавен од 17:00, а прес-конференцијата по пленарната седница се очекува околу 19:15.

Прес-конференцијата по пленарната седница на самитот ЕУ–Западен Балкан на 25 ноември е најавена за околу 19:15 часот, по македонско време. Ќе може да се следи преку линкот за директен пренос во медиумскиот распоред на Советот на ЕУ.

Фото на каверот: Cbliu / Wikimedia Commons · CC BY-SA 4.0

Пристигнувањето на делегациите е предвидено од 17:00, а официјалниот пречек во 17:40. Пленарната седница треба да почне во 18:00, по што следуваат заедничката фотографија и прес-конференцијата. Работната вечера е закажана за 20:00.

Зградата „Европа“ во Брисел, архивска фотографија

Зградата „Европа“ во Брисел, архивска фотографија
Фото: Fred Romero / Wikimedia Commons · CC BY 2.0

ЕУ ќе ја претставуваат Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен. Според дневниот ред на самитот, лидерите ќе разговараат за реформите и постепеното вклучување на земјите од Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ, меѓу другото и преку Планот за раст за Западен Балкан.