Најмалку осум Палестинци, меѓу кои и едно дете, загинаа во три израелски напади во Појасот Газа од понеделникот вечерта до вторникот наутро, објави Асошиејтед прес, повикувајќи се на болнички извори.
Според АП, болницата „Ал Шифа“ во градот Газа соопштила дека две лица загинале во напад нешто пред полноќ. Болницата „Насер“ пријавила дека тројца полицајци загинале во напад врз полициска станица во областа на Кан Јунис рано во вторникот.

Болницата „Ал Шифа“ во градот Газа, архивска фотографија од февруари 2025 година. Фото: Jaber Jehad Badwan · CC BY-SA 4.0
Кавер: Naaman Omar / APAimages / WAFA · CC BY-SA 3.0
Од болницата „Ал Акса“ соопштиле дека во трет напад, во централниот дел на Појасот Газа, загинале уште три лица, меѓу нив и дете. Израелската војска не одговорила веднаш на прашањата на АП за нападите.
Палестинската агенција ВАФА одделно потврди дека три лица, меѓу нив и дете, загинале во напад во централниот дел на енклавата. Агенцијата го лоцира нападот во областа Вади Газа.












