Купила дијамант на ТикТок за 23 евра, па го однела кај златар: Неговите зборови ја оставиле „без текст“

Точка

23/11/2026

12:17

924

Големина на фонт

а а а

Кога ќе помислиме на дијаманти, најчесто на ум нѝ паѓаат луксузни златарници, скапоцени парчиња накит, а можеби и избирање свршенички прстен. Меѓутоа, една девојка успеала на „ТикТок Шоп“ да купи дијамант за само 19 фунти (околу 23 евра).

Поради исклучително ниската цена, Меги немала големи очекувања. Сепак, одлучила да се впушти во експеримент, за да види што ќе се случи. На шега својот дијамант го нарекла „сомнителен“ и најавила дека ќе провери дали е вистински, пишува „Мирор“.

„Сакам да проверам“

Меги им објаснила на своите следбеници дека планира да го однесе кај двајца различни златари, за да ја провери неговата вредност.

„Сакам да проверам дали сум измамена или навистина станува збор за вистински дијамант“, рекла таа.

Првиот златар не можел да утврди дали дијамантот е природен или лабораториски (синтетички), бидејќи за таква проверка, како што ѝ објаснил, потребна е посебна опрема.


Затоа се обратила кај уште еден експерт, кој ѝ рекол дека каменот нема чистота „VVS“ бидејќи во него може да се видат голем број траги и неправилности.

Ознаката „VVS“ се однесува на дијаманти со многу ситни внатрешни карактеристики кои е исклучително тешко да се воочат, дури и под зголемување од десет пати. На скалата на чистота се наоѓаат веднаш под категориите „Flawless“ (FL), односно без внатрешни и надворешни недостатоци, и „Internally Flawless“ (IF), која означува камен без внатрешни недостатоци. Категоријата „VVS“ се дели на две подгрупи – „VVS1“ и „VVS2“.

Златарот потоа потврдил дека дијамантот потекнува од лабораторија, а Меги се изненадила бидејќи очекувала да се покаже дека воопшто не станува збор за вистински дијамант.

„Значи, изгледа дека тој дијамант е вистински. Шокирана сум“, додала таа.

Меѓутоа иако златарот потврдил дека станува збор за лабораториски дијамант, се сомнева дека сертификатот од Меѓународниот гемолошки институт (IGI), кој го добила со него е автентичен.


Што рекол златарот?

Меги објаснила што ѝ рекол експертот: „Рече дека тоа го знае затоа што на сертификатот од „IGI“ пишува дека дијамантот е „VVS2“, што значи дека е многу чист и дека во него нема ситни точкички. Меѓутоа, тој рече дека тоа не е точно“, раскажала таа.

Значи, златарот заклучил дека дијамантот е лабораториски, но дека неговиот квалитет е послаб отколку што би требало да укажува ознаката „VVS2“ на сертификатот.

„Во суштина, тоа не е особено добар дијамант, но сепак е вистински лабораториски“, заклучила Меги.

Иако успеала за малку пари да дојде до синтетички дијамант, признала дека сепак би сакала да има „прекрасен дијамант“ околу вратот или на прстот, отколку овој примерок.


Со неа се согласиле и бројни корисници на ТикТок кои ја коментирале објавата. Некои претпоставиле дека цената била толку ниска токму поради „заматеноста“ на каменот што го добила.

„Повеќето лабораториски дијаманти имаат многу висока чистота, а никој не ги купува оние со ниска чистота, па ова е единствениот начин да се ослободат од нив“, напишал еден корисник.

Друг кратко прокоментирал: „Тогаш тоа не е добар дијамант. Искрено, не би се ни замарал со него“.