Финска го повика рускиот амбасадор на разговор поради опасните дејствија на Москва во Европа

Макфакс

23/11/2026

21:09

126

Големина на фонт

а а а

Финска го повика рускиот амбасадор во врска со неодговорните и опасни дејствија на Русија во Европа, осудувајќи ја агресија врз Украина и нарушувањето на воздушниот простор.

Денес, Финска го покани рускиот амбасадор во Хелсинки, Павел Кузнецов, на разговор, осудувајќи ги руските напади врз Украина и, како што наведе, „опасните и неодговорни дејствија“ на Москва во Европа.

„Остро ја осудуваме нелегалната руска агресија и сè поинтензивните напади врз цивилни цели во Украина. Изразуваме солидарност со Данска, Полска и другите европски партнери“, соопшти финското Министерство за надворешни работи.

Овој потег следеше по сомневањата дека руски хеликоптер го нарушил финскиот воздушен простор во близина на брегот на Ловиша, во јужна Финска, во саботата попладне.