Уапсен Србин на Табановце: возел со 158 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

Макфакс

23/11/2026

11:30

203

Големина на фонт

а а а

На Граничниот премин Табановце е уапсен српски државјанин поради управување на возило со брзина од 158 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч, што претставува кривично дело според македонскиот закон.

Вчера во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 59-годишниот Ѓ.К. од Србија.

При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.