Труење на богослужба во Баварија: 56 повредени, полицијата го истражува грејното тело

Точка

23/11/2026

11:40

176

Големина на фонт

а а а

По инцидентот во капелата во Бад Грененбах, истрагата ја презема криминалистичката полиција. Меѓу засегнатите има и деца.

Педесет и шест лица биле полесно до средно тешко повредени по истекување јаглерод моноксид за време на богослужба во капелата во Бад Грененбах, во германската покраина Баварија. Инцидентот се случил во неделата, 22 ноември, а денеска истрагата ја презема криминалистичката полиција, јави баварскиот јавен сервис БР.

Истражителите проверуваат дали причината е технички дефект или неправилно ракување со грејното тело. Уредот бил набавен неодамна и требало автоматски да се исклучи при висока концентрација на јаглерод моноксид, но тоа не се случило.

ГЕРМАНИЈА

Внатрешноста на капелата во Бад Грененбах, архивска фотографија од 2010 година. Фото: Mogadir @ Wikipedia, CC BY-SA 3.0.

Според Баварскиот Црвен крст, спасувачите првично биле повикани поради дете што колабирало. Потоа и други присутни се пожалиле на здравствени тегоби, а детекторите на екипите регистрирале јаглерод моноксид.

Луѓето биле изнесени од капелата и префрлени во локалниот противпожарен дом за преглед. Шеснаесет лица биле однесени во болница за дополнителни испитувања и третман. Црвениот крст нагласи дека немало животно загрозени ниту тешко повредени.

Меѓу засегнатите имало повеќе деца. Причината за истекувањето сè уште се утврдува.