Канадскиот премиер го исмеа Трамп со имитатор: „Јас сум луд“

Макфакс

23/11/2026

09:30

346

Големина на фонт

а а а

Канадскиот премиер Марк Карни се појави со имитатор на Доналд Трамп на традиционалната вечер во Отава, каде го исмеа Трамп и затегнатите односи помеѓу САД и Канада преку хумористичен настап.

Канадскиот премиер Марк Карни изведе имитатор на американскиот претседател Доналд Трамп на сцената за време на традиционалната вечера со новинари во Отава. Заедно се шегуваа на сметка на Трамп, неговите закани кон Канада и затегнатите односи меѓу двете соседни нации, кои се вклучени во долготраен трговски спор.

Овој необичен настап се случи во саботата вечерта, на 21 ноември, на годишната вечера на Parliamentary Press Gallery – настан што ги собира канадските политичари, новинари и други јавни личности. Тоа е пригода во која политичарите традиционално се шегуваат на своја, но и на сметка на своите ривали, слично како на вечерата на дописниците од Белата куќа во Вашингтон.

За време на својот говор, Карни најави дека го притиска „копчето за итни случаи за комедија“, по што на сцената му се придружи комичарот Марк Мекини, кој го глумеше самиот канадски премиер. Кратко потоа, се појави и Марк Крич – познат по своите имитации на Трамп во канадската сатирична емисија This Hour Has 22 Minutes.

„Постои само една пречка за договор. Јас – бидејќи сум луд.“
Крич го имитираше гласот на Трамп, неговите карактеристични гестови со рацете и начинот на ракување, пред да почне да се шегува за односите меѓу Вашингтон и Отава.

„Марк, ќе направиме неверојатен договор. Го викам ’Марк‘ – не го викам ’Гувернер‘ во лице, бидејќи сум кукавица“, рече лажниот Трамп, алудирајќи на постојаните сугестии на Трамп дека Канада треба да стане 51-вата американска држава. „Но, ќе постигнеме одличен договор. Постои само една пречка: јас – бидејќи сум луд“, додаде тој, предизвикувајќи смеа кај присутните.

Карни, исто така, се пошегува на сметка на американскиот претседател, конкретно во врска со преуредувањето на Овалната соба, која Трамп ја исполни со златни детали и раскошни елементи по неговото враќање во Белата куќа.

„Ова е публика со високи барања. А јас, всушност, бев во Овалната соба – сам – со неговиот нов декоратер“, рече канадскиот премиер.