ЕУ и Панама со забелешки на новиот климатски предлог на КОП31

Точка

22/11/2026

12:45

306

Големина на фонт

а а а

На преговорите во Анталија сè уште нема консензус. Делегациите се разидуваат околу формулациите за фосилните горива и улогата на технологиите за зафаќање јаглерод.

Европската Унија и Панама изнесоа забелешки на последниот предлог на климатската конференција КОП31 во Анталија. Делегациите сè уште се обидуваат да постигнат консензус, откако преговорите продолжија и во недела, 22 ноември.

Во нацртот, објавен од Обединетите нации, има повикување на претходни договори. Европската делегација оцени дека текстот не е доволно амбициозен, а Панама соопшти дека не може да го прифати во предложената форма, пренесува „Гардијан“.

Крајбрежјето на Анталија, архивска фотографија

Крајбрежјето на Анталија, архивска фотографија. Фото: Alp ykslx / CC0. Кавер: Cobija / CC BY-SA 4.0.

Меѓу спорните прашања се формулациите за преминот од фосилните горива, улогата на зафаќањето и складирањето јаглерод и финансиската поддршка за земјите во развој. Претседавачот со конференцијата, турскиот министер Мурат Курум, рече дека претседателството работи на приближување на ставовите.

Конференцијата првично требаше да заврши на 20 ноември. Последниот текст е предлог, а неговото усвојување зависи од исходот на преговорите.