[ВИДЕО] Англиското село Барнам гласаше за симболично отцепување од Обединетото Кралство

Точка

22/11/2026

13:30

146

Големина на фонт

а а а

Со гласањето, жителите протестираа против можноста во поранешна воена база да бидат сместени околу 930 баратели на азил. Резултатот нема правно дејство.

Жителите на Барнам, во англиската област Сафолк, во саботата, 21 ноември, поддржаа симболично отцепување од Обединетото Кралство. Со гласањето тие протестираа против можноста поранешната воена база во близина да се користи за сместување на околу 930 баратели на азил.

Според Еуроњуз, 257 жители гласале за предлогот, 16 биле против, а едно ливче било неважечко. Гласањето нема правно дејство и не го менува статусот на селото.

Таблата на селото Барнам во Сафолк, архивска фотографија

Таблата на селото Барнам во Сафолк, архивска фотографија. Фото: Keith Evans / CC BY-SA 2.0. Кавер: Sandy Gerrard / CC BY-SA 2.0.

Дел од жителите велат дека немало доволно консултации за планот. Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека конечна одлука сè уште нема и дека, доколку планот се реализира, ќе соработува со локалните власти и полицијата во Сафолк.

Британската влада разгледува поранешни воени објекти како алтернатива за хотелското сместување на лицата чии барања за азил се во постапка.