[ВИДЕО] Ѓоковиќ не можел да му одолее на познатиот хит: Се качил на сцената во белградски клуб и запеал

Точка

21/11/2026

12:40

1.495

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, покажал дека одлично се снаоѓа и надвор од спортските терени.

За време на вечерно излегување во белградски клуб, тој се препуштил на добрата атмосфера, а кога пејачката Маријана Злопаша го поканила на сцената, не се двоумел. Го зел микрофонот и го запеал познатиот хит на Џеј Рамадановски, а снимката од неговиот спонтан настап брзо се прошири на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ ја навикнал публиката на големи моменти на тениските терени, но за време на неодамнешното излегување во Белград покажал дека одлично се снаоѓа и со микрофон во рака. Познатиот тенисер ја поминувал вечерта во друштво на пријатели, а кога пејачката го поканила на сцената, не било потребно многу убедување за да се приклучи на музичката програма.


Како што пренесе српски „Курир“, Ѓоковиќ се забавувал во еден клуб во Нов Белград, каде што таа вечер настапувала пејачката Маријана Злопаша. Во опуштена атмосфера танцувал и пеел со останатите гости, а неговото излегување набрзо добило неочекуван пресврт.

Славниот тенисер го запеал познат хит

Откако го забележала познатиот тенисер меѓу гостите, Злопаша го поканила да ѝ се придружи на сцената. Ѓоковиќ ја прифатил поканата, се качил на сцената и заедно со пејачката ја запеал песната „Ниту едни усни не се бакнуваат сами“ („Nijedne usne se ne ljube same“), еден од познатите хитови на починатиот пејач Џеј Рамадановски.

Неговиот спонтан настап ги израдувал присутните, кои немаат можност секој ден да го видат едниот од најуспешните тенисери на сите времиња во улога на пејач. Ѓоковиќ притоа не го криел доброто расположение, а снимката од неговиот настап покажува колку уживал во музиката и дружењето.

Време за семејството и одмор

Познатиот тенисер моментално престојува во Белград, каде што по завршувањето на сезоната поминува време со семејството и пријателите. Според пишувањата на српските медиуми, Ѓоковиќ оваа сабота со своето семејство ќе го одбележи Арангеловден, православен празник посветен на Свети Архангел Михаил, кој неговото семејство го слави како семејна слава.


По неколку дена поминати во родниот град, планира да замине на одмор, пред повторно да започне со подготовките за новите тениски предизвици.

Инаку, ова не е првпат Ѓоковиќ да ја покаже својата љубов кон музиката. Во август, за време на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови, тој исто така се качил на сцената и заедно со музичарите ја запеал песната „Тропски бар“.