[ФОТО] Арсовска: Висар Ганиу поднел тужба против мене, добил душевна болка дека сум го нарекла криминалец

Макфакс

20/11/2026

14:20

193

Големина на фонт

а а а

Данела Арсовска открива дека Висар Ганиу поднел тужба против неа поради тврдењето дека е криминалец, при што таа истакнува сериозни обвиненија за фалсификувани легализации и корупција, со докази кои ја поддржуваат нејзината изјава.

Поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, поднел тужба против поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, за нанесување душевна болка. Како што вели Арсовска, тој ја поднел тужбата против неа затоа што го нарекла криминалец.

„Висар Вики Ганиу ми поднел тужба за клевета бидејќи добил душевна болка, затоа што сум го нарекла криминалец. Само прво треба да одговори за 150 фалсификат легализации, меѓу кои зграда вредна 5 милиони евра, наводно изградена во 2010 година од 15-годишник, со фирма основана во 2020, на плац купен во 2021 година? Како оваа зграда што ја документиравме дека се гради во 2025 година ја легализирал како да е градена во 2010? Висар немаш ти душевна болка дека сум те нарекла криминалец, имаш болка бидејќи си фатен со 3200 страни докази дека си КРИМИНАЛЕЦ", објави Арсовска на социјалните мрежи.

„Ако успее некој да дешифрира кај нашол 15 годишник 5 милиони евра да гради зграда на 12 спрата и како успеал да ја изгради во 2010 со фирма што ја основал во 2020 на плац што го купил во 2021, нека јави. Можеби КОРУМПИРАНОТО Јавно Обвинителство кое со години не постапува, ќе даде одговор. Се ЗАКАНУВАВТЕ секој ден, испративте луѓе да ме ПРЕТЕПААТ, целото семејство ми го малтретирате и заплашувате, ама тоа не може да ги смени фактите дека сте КРИМИНАЛЦИ, поткрепено со официјални докази на 3200 страни“, напиша Арсовска.