Франција побара седница на Советот за безбедност по нападите врз Киев

Точка

20/11/2026

14:40

85

Големина на фонт

а а а

Париз бара реакција на ОН по руските удари, во кои според украинските власти загинале осум лица.

Франција побара состанок на Советот за безбедност на ОН по најновите руски напади врз Киев, соопшти министерот за надворешни работи Жан Ноел Баро на 20 ноември, пренесува Ројтерс.

Според украинските власти, во ноќните ракетни удари загинале осум лица.

ФРАНЦИЈА

Седиштето на ОН во Њујорк, архивска фотографија од 2023 година. Фото: Horizon206 / Wikimedia Commons, CC0.

При нападите биле оштетени холандската и австриската амбасада. Нема повредени меѓу персоналот на двете дипломатски претставништва.

Холандската влада во четвртокот го повикала рускиот амбасадор поради оштетувањето. Баро порача дека Русија ќе мора да одговара.