Во Претор ќе се одржи конференција за управување со отпад и безбедност при работа

Точка

20/11/2026

14:15

117

Големина на фонт

а а а

Меѓународниот славјански универзитет отвори повик за научни и стручни трудови. Рокот за доставување е 16 декември.

Научно-стручна конференција за одржлив развој, управување со отпад и безбедност при работа е закажана за 23 декември во Претор. Институтот за инженерска економија и Факултетот за технички науки и информатика при Меѓународниот славјански универзитет го објавија повикот за учество на 20 ноември.

Заинтересираните можат да достават научен или стручен труд, или апстракт, до 16 декември. Презентацијата е бесплатна, а трошоците за сместување се на учесниците.

Поглед кон Преспанското Езеро и островот Голем Град од Претор

Поглед кон Преспанското Езеро и островот Голем Град од Претор. Фото: Sentimentalna / Wikimedia Commons (извор, CC0 1.0). Кавер: Македонец / Wikimedia Commons (извор, CC BY-SA 3.0).

Организаторите очекуваат учество на истражувачи, стручни лица и претставници на компании. Дискусиите ќе бидат насочени кон тоа како научните резултати и практичните искуства можат да се применат во индустријата.