Овој Black Friday имате уште една можност да го купите сето она што одамна ви требаше, а притоа да заштедите со атрактивните понуди на Ananas.mk.
Добрата зделка значи многу повеќе од само голем попуст. Апсолутно најважната работа е функционалноста и квалитетот на производот, односно – дали ви е потребен и колку ќе ве користи. А дури потоа, станува важно колку е намалена цената и колку всушност ќе заштедите со купување на конкретниот производ наместо неговата најблиска алтернатива.
Добрата зделка треба да ви годи вам и на вашите потреби. Затоа, ние подготвивме листа со 5 одлични зделки за електронски уреди кои можете да ги најдете на Аnanas. Black Friday е конечно тука и сега може да ги најдете сите оние парчиња технологија кои одамна ги посакувате, по исклучително намалени цени. Во продолжение прочитајте ги нашите предлози за шопинг, одбрани според практичноста, квалитетот и потенцијалната заштеда во цената.

Време е за нова правосмукалка
Искористете ја шансата да се подновите со моќно парче технологија за домаќинство, по неверојатна цена. Овој Black Friday на ananas можете да ја најдете робот правосмукалката Xiaomi H50 со супермоќна батерија која овозможува автономно чистење и до 120 минути, непрекинато. Иновативниот модел на Xiaomi доаѓа со вградена функција за влажно чистење, а има можност и за гласовно управување преку Google Assistant и Amazon Alexa. Ова е вашиот повик: Време е за нова правосмукалка.
Беспрекорно чисто, до последниот детал
А кога веќе го чистите домот, темелно исчитете го секое ќоше и секоја нечистотија, со парочистачот Karcher SC 3 EasyFix, кој ќе ви помогне да ги отстраните дури и најупорните дамки од тврдите површини во вашиот дом. Без разлика дали се работи за чистење плочки, славини, мијалници, кујнски површини или пак други тешко достапни места – парочистачот на Karcher е исклучително ефективен и ќе ви покаже што значи кога навистина ја имате моќта во вашите раце. Уредот е подготвен за употреба за само 30 секунди, а со едно полнење на резервоарот може да се исчисти површина од приближно 75 m². Влезете во новата ера на чистење!
Совршена зделка за нова машина за сушење
Дефиницијата за совршена зделка се состои од добра понуда, квалитетен производ и намаление кое веднаш „паѓа во око“. Токму таква зделка можете да најдете овој Black Friday на Ananas. Само овој месец ја имате неверојатната можност да купите нова машина за сушење алишта со 5 години гаранција, а притоа да заштедите. Моделот на Midea MD110H80/W-HR има капацитет од 8 килограми и напредни функции како одложен старт и автоматско исклучување кои ќе ви овозможат целосна контрола во процесот. Зарем уште чекате? Кликнете на линкот и нарачајте онлајн, брзо и едноставно преку Аnanas.mk.
Вистинско решение за почист воздух во домот
Кога се работи за здравјето, не смее да има компромис. Прочистувачите на воздух можат да го подобрат квалитетот на воздухот во затворени простории и да ги намалат штетните честички во воздухот што го дишете. Затоа овој Black Friday, направете мудар избор и инвестирајте во Xiaomi Mijia Smart 6, кој доаѓа со со петслоен систем за филтрација, UV-LED стерилизација и негативна јонизација. Тивок, суптилен, а максимално ефективен. Почувствувајте ја разликата, уште од првиот ден.

Барате нов airfryer?
Најдете го на Аnanas. А за да ви ја олесниме потрагата, предлагаме да кликнете на линкот тука и да го погледнете моделот Tesla Dual Airfry AF900BSD. Оваа фритеза на топол воздух ќе ви помогне да подготвите вкусни и крцкави оброци со малку или без масло. Благодарение на двете независни корпи со капацитет од 4,5 литри, може истовремено да подготвувате различни јадења со посебни поставки на температурата и времето. Функцијата SMART SYNC овозможува двете корпи да завршат со готвење истовремено, додека MATCH ги синхронизира нивните поставки. Е, ова е одлична зделка!
На Аnanas можете да ја споредите историски најниската цена на производот во 2026 со сегашната Black Friday цена и да ја видите реалната заштеда во денари. Затоа, пред да ја заокружите вашата ноемвриска листа, проверете ги Black Friday понудите на Ananas, споредете ги цените и уверете се дека попустот навистина вреди. Бидејќи најдобрата зделка е онаа за која знаете дека навистина сте заштедиле.
*Комерцијален текст










