Џенифер Лопез има 57 години, но нејзините најнови изданија повторно ги разгореа коментарите дека изгледа барем две децении помлада.
Латино дивата Џенифер Лопез (57) повторно покажа зошто се смета за една од најголемите модни икони. Пејачката и актерка се појави на гламурозната премиера на нејзиниот концертен филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, одржана во „Paramount Studios“ во Лос Анџелес, и привлече внимание со провокативно модно издание неколку дена откако повторно зборуваше за тешкиот период по разводот од Бен Афлек.

За оваа пригода, таа избра транспарентен фустан од чипка со длабоко деколте и долго здолниште украсена со набори.
Над него облече впечатлив капут со шарен цветен вез, крзнена јака, розова сатенска подлога и долги реси на ракавите и рабовите.
Стајлингот го комплетираше со луксузен накит - ѓердан и висечки обетки со жолти дијаманти, голем дијамантски прстен и блескава шнола во форма на цвет, со која ја украси својата крената коса.

Џеј Ло веќе долго време добива комплименти за својот изглед, а многумина не можат да поверуваат дека се ближи кон шеесет години. Сепак, зад нејзината тонирана фигура не лежи само добра генетика, туку и целосно променет пристап кон тренингот и исхраната.
Во новото појавување во подкастот „Friends Keep Secrets“, водено од продуцентот Бени Бланко, Џеј Ло отворено зборуваше за тоа како останува во форма. Таа призна дека со текот на годините, поради природното губење на мускулната маса, морала да го промени начинот на вежбање и исхрана.
Големите промени започнаа пред речиси десет години, за време на снимањето на филмот „Hustlers“. Потоа воведе редовно кревање тешки тежини, што ѝ помогна да го затегне целото тело.

