Клои Кардашијан откри дека е демисексуална: Призна дека ѝ недостигаат бакнежите

Кармин

19/11/2026

17:59

652

Големина на фонт

а а а

Клои Кардашијан (42) во најновата епизода од својот поткаст „Khloé in Wonder Land“ изјавила дека се препознава во поимот демисексуалност, а признала и дека веќе пет години не била на љубовен состанок.

За ова разговарала со својот долгогодишен пријател Сајмон Хак, кој бил гостин во епизодата објавена на 18 ноември. Хак ѝ објаснил дека демисексуална личност е онаа која може да воспостави романтична и интимна врска само со некого со кого претходно изградила емоционална поврзаност, па затоа авантура за една ноќ за неа е речиси невозможна. Додал дека верува оти и таа е таква.


„Мислам дека никогаш не сум имала авантура за една ноќ. Би се сеќавала на тоа. Значи, јас сум демисексуална?“, одговорила Клои.

Таа објаснила дека поради претходните искуства во љубовните врски ѝ е тешко да се впушта во необврзувачки состаноци. Сепак, признала дека ѝ недостигаат одредени работи.

„Само сакам некој понекогаш да ме бакне“, истакнала таа.


Клои и претходно отворено зборувала за апстиненцијата од интимни односи во реалното шоу „The Kardashians“. Минатата година изјавила дека во декември ќе навршат четири години откако последен пат имала интимни односи.

Нејзината последна позната љубовна врска била со поранешниот кошаркар Тристан Томпсон, со кого ги има ќерката Тру и синот Тејтум.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk